ПОЗНАТ И ПРЕТПОСЛЕДНИОТ ЧЕТВРТФИНАЛИСТ ОД ФУДБАЛСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА
Куп на Македонија
- Осминафинале (втор натпревар)
Работнички -
Пелистер 3:1 (1:0) вкупен резултат: 3:1
Стадион
„Национална арена Фили втори„ - Гледачи: 100
Главен судија:
Горан Спиркоски
Асистенти: Илчо
Јорданоски и Зоран Костоски (сите од Прилеп)
Делегат: Маријан
Стојкоски (Прилеп)
Стрелец: Стојков
во 37, Алтипармаковски во 55 и Сулејманов во 69 минута за Работнички, а Мирчевски
во 77 минута за Пелистер
Жолти картони:
Пашовски, Крстески, Трајковски (Пелистер)
Црвени картони:
нема
Работнички:
Шишковски (од
51м. Божиновски), Б. Тодоровски, Сулејманов (од 73м. Чурлинов), Силјановски,
Велковски, Петровиќ, Стојков (од 90м. Маркоски), Алтипармаковски, Трајчевски,
Цикарски, Илиевски
Пелистер:
Пашовски,
Крстески, Динчев, Г. Тодоровски, Брдаровски (од 28м. Трајковски), Мустафов (од
58м. Мирчевски), Миленковски, Анастасов, Ристевски (од 75м. Љамчевски), Ганчев,
Ступиќ
Играч на
натпреварот:
Ацо Стојков
(Работнички)
Со три измени од
тимот кој настапи со Хоризонт Турново пред три дена. Тренерот Секуловски му се
спротистави на освојувачот на двојната круна, Работнички. Ганчев, Динчев и
Тодоровски влетаа на местата на Степановски, Петковски и Љамчевски. По 4 минути
игра, Алтипармаковски ја имаше првата закана по битолскиот гол, но биеше млако,
па капитенот Пашовски одби во поле. Во 20 минута битолчани имаа колосална
шанса. По првиот гостински корнер, Динчев врати во средината, а Ступиќ од 5-6
метри веќе го совлада Шишковски, но Петровиќ од самата гол линија спречи
сигурен гол. На неполн половина час во игра влезе младиот Трајковски на местото
на повредениот Брдаровски. Клучниот момент во првиот дел се случи во 37 минута,
кога Сулејманов пресече топка и несебично го пронајде Стојков, кој со прецизна
дијагонала го погоди спротивниот агол и ги доведе домаќините во водство. Во
последната минута од првиот дел, Благоја Тодоровски од свртување биеше по
земја, но Пашовски со нога инстиктивно интервенираше и спречи зголемување на
водството. Иако долго беа рамноправни, фудбалерите на Секуловски потклекнаа во
последните 15 минути од првиот дел. На почетокот на вториот дел Анастасов во 48
минута имаше голема шанса, откако домашните фудбалери подзастанаа, но Шишковски
имаше среќа. При судирот со гостинскиот фудбалер за врска, Шишковски се повреди
и беше заменет со Божиновски. Во 55 минута од ништо, дебармаалци ја обезбедија
квалификацијата за четвртфиналето. Груба грешка направи Ганчев и му ја подари
топката на Алтипармаковски, а на овој од 5-6 метри не му беше тешко да ја
погоди мрежата на својот довчерашен клуб. Секуловски му даде шанса во
последниот половина час на младиот Мартин Мирчевски, кој влезе во игра на
местото на Бурхан Мустафов. Точка на натпреварот стави младиот Тауљан
Сулејманов кој по акцијата на Стојков, убаво пласираше во поблискиот агол и по
трет пат го принуди Пашовски на капитулација. Реакцијата на Пелистер дојде по
акцијата по десната страна и центаршутот на Трајковски, по кој најмладиот на
теренот Мирчевски со глава го матира Даниел Божиновски. Во 85 минута најдобриот
на теренот Стојков ја мина гостинската одбрана и беше струшен од Крстески, па
судијата Спиркоски просуди дека имаше најстрога казна за бело-црвените. Но
Горан Пашовски го прочита ударот од 11 метри на Стојков и со парада ја исфрли
топката во корнер. Зелените возвратија со убава акција на Јованчо Трајковски,
но центаршутот на Ступиќ не мина до нововлезениот Љамчевски. Така Работнички
како и минатата година беше кобен во Купот за зелените и стана седми
четвртфиналост во најмасовното натпреварување.
Нема коментара:
Постави коментар