БИВШИОТ ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР И КСАНТИ СО НОВА БЛЕСКАВА ПАРТИЈА ВО ДРЕСОТ НА РАБОТНИЧКИ
Напаѓачот од школата на Пелистер, Марјан Алтипармаковски
конечно ја достигнува својата вистинска димензија. Игра добро во континуитет и
ги тресе противничките мрежи. Шампионот Работнички дојде до убедлива победа од
5:1 на гостувањето кај „фенерџијата“ Тетекс иако губеше со 1:0. Стојков го
најави пресвртот, а Алтипармаковски со хет-трикот го реши победникот. Точка на
натпреварот стави Чурлинов во финишот од средбата.
Нема коментара:
Постави коментар