Powered By Blogger

21. 10. 2014.

Брдаровски сакаше да игра, но докторите рекоа НЕ

ЗАРАДИ ПОВРЕДАТА НА ГЛАВАТА, БРДАРОВСКИ ОДИГРА НЕПОЛН ПОЛОВИНА ЧАС ПРОТИВ БИВШИОТ КЛУБ
Еден од најдобрите фудбалери на Пелистер Владица Брдаровски одигра само 28 минути против Работнички во реванш осминафиналниот натпревар од Купот на Македонија. Битолчанецот поради повреда мораше предвреме да го заврши натпреварот иако беше подготвен да игра и повреден.
Тој доби еден силен удар во главата со топка, а по неколкуте тестови, лекарскиот тим на Пелистер му препорача на тренерот Марјан Секуловски да направи измена. Брдаровски бараше да остане да игра, но лекарите не дозволија и тој заврши на клупата за резервни играчи. Првичните информации беа дека фудбалерот на Пелистер има повреда на окото и веднаш по натпреварот е префрлен во некоја од скопските болници за дополнителни испитувања. Сепак без проблеми веќе се врати во Битола и одморан во пресрет на мечот со Металург.

Нема коментара:

Постави коментар