Powered By Blogger

6. 10. 2014.

Бобан тргнува по стапките на Сашо Здравевски

БИТОЛСКАТА ФАБРИКА ЗА ТАЛЕНТИ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ИСФРЛА ТАЛЕНТИ
И покрај проблемите од егзистенционален карактер и бедната инфраструктура, таленти во Пелистер колку што сакаш. 3-4 битолчани во списокот на најдобрата селекција, двајца меѓу надежите, па продажба на два продукти на школата оваа година (Китановски и Драгарски) и уште многу „бисери„ излегуваат од под Тумбе кафе.
Најновата надеж е голгетерот на екипата која се натпреварува во лигата на постари пионери, Бобан Здравевски, син на бившиот фудбалер на Пелистер, Слога Југомагнат и Силекс и до пред неколку месеци претседател на битолскиот клуб, Сашо Здравевски. За разлика од неговиот татко Бобан игра во нападот и ги тресе противничките мрежи во континуитет. Со 9 гола на 5 натпревари веќе е водечки на листата на стрелците во својата возрасна категорија, а беше најдобар стрелец и на турнирот во Сандански минатото лето. Под водство на тренерот Кире Грозданов видливо напредува и претставува голема надеж на битолскиот клуб. Пелистер од секогаш имал одлични напаѓачи, а во младинските категории 5 од последните 6 години по еден трофеј од првенството или Купот стугнуваше во витрините на клубот. 

Нема коментара:

Постави коментар