Powered By Blogger

3. 10. 2014.

Пелистерци во Радовиш, дебитираат прволигашите

БИТОЛСКИ РАКОМЕТНИ КЛУБОВИ СПРЕМНИ ЗА НОВИ НАСТАПИ НА ДОМАШЕН И ГОСТИНСКИ ТЕРЕН
По првите два порази, ракометарите на Пелистер му гостуваат на Радовиш утре од 19 часот во рамките на третото коло на ВИП Суперлигата. Мечот ќе го судат Сашо Кркачев и Ѓорѓи Колевски. Овој викенд почнува и Првата лига во која Битола ќе има два претставници. Мечот на битолски Феникс и Ринија е одложен, а требаше да се игра в сабота во спортската сала на Гимназијата „Јосип Броз Тито„.
Ново формираниот битолски клуб ХЈС Работник ќе дебитира утре од 13 часот во спортската сала „Младост„ против Лозари од Кавадарци. Битолчани се големи фаворити и ако се оди според планот ќе издвојуваат прва победа. Ќе им судат Рубунчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. По победата на гости кај Ѓорче Петров, ракометарките на ЖРК Пелистер го дочекуваат соседниот Прилеп в сабота од 17:00 часот во спортската сала „Младост„. Овој меч е прв суперлигашки по 13 години во Битола. Ќе го водат Никола Пауноски и Оливер Спироски од Охрид. 

Нема коментара:

Постави коментар