ОД УТРЕ ФК ПЕЛИСТЕР И ОФИЦИЈАЛНО ЌЕ ДОБИЕ НОВ СОПСТВЕНИК И ЌЕ ПОЧНЕ ПРОЦЕС НА НОРМАЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ
По скоро четири месеци перипетии, шпекулации, нагаѓања и пресврти, конечно утре во 13 часот со официјална прес-конференција и коктел ќе биде официјализирана продажбата на ФК Пелистер. Познато е дека клубот ќе оди во рацете на битолската компанија „Цермат„ а деталите ќе бидат обелоденети на средната со новинарите.
Најнапред клубот беше најблиску до турски инвеститори, па се спомнуваат домашни заинтересирани страни, па анонимен кипарец со адреса на живеење во Летонија и за на крај „ЗИК Пелагонија„ и „Цермат„ да влезат во игра до последен момент. Со оглед на тоа што првата понуда беше повлечена, остана комисијата за спорт и градоначалникот на Битола, Владимир Талески да ја одберат најдобрата понудата на „Цермат„ Во меѓувреме познати се сите детали околу раководењето на клубот во иднина, бидејќи пред 50 дена беа направени радикалните промени во управувачкиот тим на клубот и во структурата на школата на Пелистер. Екипата со 15 бода по 10 кола се наоѓа во групата на тимови од 2 до 6 место и како позитивна ја окарактеризира оваа прва фаза од сезоната во која и покрај проблемите беше тврд орев за секој противник. Во меѓувреме фудбалерите добија редовна плата во текот на вчерашниот ден, а тренерот Секуловски се надева на опоравување на повредениот Филип Миленковски за мечот со Хоризонт Турново на 18 октомври. Во првенството и Купот зелените ги очекува нов маратон од натпревари кои до средината на ноември ќе потврдат како клубот ќе реагира на позитивните промени кои ќе следат.

Нема коментара:
Постави коментар