МАЈНЦ БЕЗ ОПЦИИ НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ ВОЛЗБУРГ ВО 9 КОЛО ОД ГЕРМАНСКОТО ПРВЕНСТВО
Се ближи
враќањето на Николче Новески на фудбалските терени, а неговиот Мајнц загуби со
3:0 на гостувањето кај Волзбург во рамките на 9 коло на Бундеслигата.
Со
головите на Налдо и Перишиќ во првото и Калиџури во второто полувреме, зелените
ја издвојуваа најубедливата победа во сезоната. Екипата на данскиот тренер
Хјулманд остана на 6 место со 14 бода и во наредното 10 коло на 1 ноември го
дочекува Вердер, кој се наоѓа во голема криза и во Мајнц ќе дебитира со новиот
тренер Виктор Скрипник.
Нема коментара:
Постави коментар