Powered By Blogger

2. 10. 2014.

Вардар - Пелистер в сабота во населбата Ѓорче Петров

СМЕНА НА ТЕРМИНОТ ЗА ВТОРОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ВО МАК ФУДБАЛОТ ОВАА СЕЗОНА
Вечното фудбалско дерби меѓу најголемите македонски ривали, Вардар и Пелистер, сепак ќе се одигра в сабота од 15:00 часот на стадионот во населбата Ѓорче Петров.
Мечот против Пелистер првично требаше да се игра в недела од 16:00 часот на арената „Филип Втори“, но теренот на нашиот најголем стадион се реновира пред дуелот на македонската репрезентација против Луксембург, на 9 октомври. Поради тоа, Вардар не добил дозвола да игра на овој терен од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, па мораше да бара алтернативно решение. Со оглед на тоа дека стадионот во Ѓорче Петров в недела веќе е зафатен поради дуелот меѓу Металург и Работнички, вардарци мораа својот меч да го поместат еден ден порано.

Нема коментара:

Постави коментар