Powered By Blogger

26. 10. 2014.

Поразени бугарските клубови со мак-репрезентативци

НЕГАТИВЕН ВИКЕНД ЗА КЛУБОВИТЕ НА БИТОЛСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВО РОМАНСКАТА ЛИГА
13 коло од бугарскиот шампионат кое беше во знакот на „вечното дерби„ помеѓу Левски и ЦСКА, мина лошо за двата клуба на битолските интернационалци. Берое со Стефан Спировски кој одигра 46 минути, загуби во Пловдив со 3:1.
За домаќините погодија Гамаков, Јиршак и Цветков, а единствениот гол за гостинските зелени го постигна Бакалов. Славија без Кире Ристевски, на домашен терен загуби од Локомотив Пловдив со 0:2 со двата гола на Камбуров. Славија долго во последните 18 минути играше со човек помалку заради исклучувањето на Панов. Берое падна на 5 место со 21 бод и во наредното коло го дочекува Литекс, а Славија која е на 10 место игра градско дерби со ЦСКА Софија.   

Нема коментара:

Постави коментар