ЗА ПРВ ПАТ ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ НАВИВАЧКИ ГРУПИ НАВИВАА ЗАЕДНИЧКИ И НА ИСТА ТРИБИНА
Уникатен момент
во македонската фудбалска историја. На вечното фудбалско дерби меѓу Вардар
и Пелистер попладнево во Скопје свртено е ново
поглавје во навивачката историја, откако двете најголеми навивачки групи во
Македонија, „Комити“ и „Чкембари“ навиваа заедно на иста трибина.
Тие го искажаа своето незадоволство од
водењето на фудбалот од страна на ФФМ. Поради навредливите скандирања на сметка
на федерацијата и нејзиниот претседател Илчо Ѓорѓиоски, мечот беше во прекин 7-8 минути. Пред почетокот на вториот дел и двете навивачки групи во знак на
протест ги напуштија трибините и воопшто не го проследија вториот дел од вечното
дерби.
Нема коментара:
Постави коментар