Powered By Blogger

17. 10. 2014.

Дали Огненов и Стефановски неоправдано се високо казнети?

СЛУЧАЈОТ И КАЗНИТЕ ПО МЕЧОТ ПРИЛЕП - МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ЌЕ ИМААТ НОВО ПРОДОЛЖЕНИЕ?
Откако судиите Игор Огненов и Александар Стефановски добија казни од ракометната федерација на Македонија по прегледувањето на снимките од натпреварот, негираат дека се виновни по член 123 од дисциплинскиот правилник при РФМ. Огненов доби една, а Стефановски половина година забрана за вршење на функцијата.
Од видео снимката видливо е дека нема физички напад од судија кон официјално лице, како што стои во образложението. Напротив физички напад (туркање) има од тренерот на Металург Јуниор, Александар Јовиќ врз судијата Огненов. Битолските судии најавуваат жалба и апелираат заеднички да ја прегледаат видео снимката заедно со претставници на двата клуба и претставници на федерацијата, за вистината да излезе на површина. Огненов и Стефановски сметаат дека можеби наместо две минутна казна, двата исклучени ракометари заслужиле директен црвен картон, но не се согласуваат со казна врз споменатиот член 123. Веројатно немаше да има толку полемики доколку казната беше заради неквалитетна арбитража, одколку како во овој случај заради физички напад, кој никогаш и не се случил.


Нема коментара:

Постави коментар