Powered By Blogger

25. 10. 2014.

Во Нови Сад прекината серијата на Вождовац

ПО ТРИ КОЛА СО ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ, КИТАНОВСКИ И ВОЖДОВАЦ ПОТКЛЕКНАА ВО НОВИ САД
По 7 освоени бода на последните 3 меча во српската Јелен Супер лига, фудбалерите на Вождовац не успеаа да направат подвиг на гостувањето кај Војводина во Нови Сад.
Томе Китановски ги одигра сите 90 минути на позиција на десен бек, но домашните црвено-бели беа подобар ривал и славеа со 3:0 со головите на Веселиновиќ во 30 минута од пенал, Гачиновиќ во 39 и Луковиќ во 53 минута. По овој пораз Вождовац падна на 15 место со 7 освоени бода и во наредното 11 коло го дочекува Спартак од Суботица на 2 ноември.  

Нема коментара:

Постави коментар