УБЕДЛИВО ИЗДАНИЕ И ПРВА ГОСТИНСКА ПОБЕДА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Тинекс Пролет - Пелистер
26:32 (12:16)
Спортска сала
„Македонско сонце„ - Скопје. Гледачи: 500
Судии: Славчо и
Ѓорѓи Ќаеви (Скопје)
Тинекс Пролет:
Велков 1,
Огњановски, Мајнов 4, Апостоловски, Ролевски 5, Јовановски 1, Коруновски,
Андоновски 8, Кимевски, Димковски, Љубевски, Крстевски 3, Ичоќаев 3,
Стојановски 1
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 6
минута
Пелистер:
Крстевски,
Дрогришки 4, Димитровски 7, Илиевски 7, Рајатовски 6, Тодоровски, Гаревски,
Јовановски, Вељановски, Ѓорѓиевски, Христо, Кузмановски 8, Нечков
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10
минути
Битолски Пелистер
најави враќање на победите и
надминување на кризата во клубот. Пелистерци
ја остварија втората победа сезонава и тоа на гостувањето кај Пролет во
Скопје (26:32). Иако
отпатуваа за Скопје со 13 ракометари немаа проблеми со домашниот тим. Тренерот
на Пролет, Илија Темелковски мораше да бара тајм аут уште по 10 минути игра, а
гостите брзо поведоа со 1:6.
Потоа се беше залудно, неможеше да фатат приклучок. Кузмановски со 8, и Димитровски и Илиевски со
по 7 гола беа главните играчи на битолчани. Кај домаќините, Андоновски постигна
8 гола. Во наредното коло, битолчани
му гостуваат на Металург јуниор во среда навечер во „Автокоманда„
Нема коментара:
Постави коментар