ПАЧОВСКИ ОСТАНА НА КЛУПАТА, А МАЈНЦ СЛАВИ И БЕЗ ПОВРЕДЕНИОТ НОВЕСКИ
Во очекување на
враќањето на капитенот Николче Новески, Мајнц 05 забележа нова победа откако во
рамките на 8 коло од Бундеслигата го совлада Аугсбург со 2:1. Хофман во 20 и
Сампеиро во 23 минута беа стрелци за „црвените„ а единствениот гол за гостите
го постигна Вернер во 78 минута.
По 8 кола, Мајнц 05 се наоѓа на четвртото
место со 14 бода. Наредната недела, екипата на Новески му гостува на Волзбург.
Белгиските прволигаши играа мечеви од 11 коло, а во дербито Мехелен и Андерлехт
играа 1:1 со Томе Пачовски кој остана на клупата за резерви. Домаќините поведоа
со евро-голот на Кордаро во 20 минута, а израмни Дефур во 62 минута. Мехелен е
на осмото место со 14 бода, а во наредното 12 коло му гостува на Лирс в петок
од 20:30 часот.
Нема коментара:
Постави коментар