Powered By Blogger

13. 10. 2014.

Илиевски и Костов без конкуренција и на патеката под Братиндол

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС И МАСОВНОСТ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ МОТОКРОС КРАЈ БРАТИНДОЛ
Битолските мото-крос возачи Христијан Илиевски - Кико од Пелистер од МК Битола и Борче Костов - Жолтио од клубот ЛТД од Битола се победници во своите категории во МХ1 и во МХ3, а исти така и битолчанецот Михаил Бајовски од ЛТД Битола е првопласиран во категорија МХ3 на првиот меморијален мотокрос „Тони Гулевски - Бабуш„.
Второ пласиран во категорија МХ1 е Гоце Томовски, а на третото место го освои Симеон Николов. Во категорија МХ2 второ место освои Христојан Станковиќ, а на трето место се пласира Панајотос Свидерополис од Грција. Во МХ3 класата второпласиран беше Јован Стојков, а на трето место Васил Киров. Екипно победи мото клубот ЛТД од Битола, а следуваат Мотостарс од Битола и Мотокрос од Велес.
Инаку ова беше прва меморијална трка “Братиндол 2014“  посветена на прерано починатиот основач на ЛТД клубот и поддржувач на сите битолски моторџии Тони Гулевски - Бабуш. На патеката кај Братиндол традиционално имаше неколку илјади љубители на овој спорт од Битола и од околните градови.

Нема коментара:

Постави коментар