Powered By Blogger

29. 10. 2014.

Чампара ги шокира зелените и ги казни домашните промашувања„

„ГИПСАРИТЕ„ ПРОФИТИРАА ОД ПРОМАШУВАЊАТА НА ПЕЛИСТЕР И НОСАТ ТРИ БОДА ОД ПОД ТУМБЕ КАФЕ 

Пелистер - Ренова 0:1 (0:0)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 500
Главен судија: Марјан Маркоски (Охрид)
Асистенти: Кирил Негриески (Струга) и Златко Митрески (Прилеп)
Делегат: Ѓорѓе Костадинов
Стрелец: Чампара во 86 минута за Ренова
Жолти картони: Крстески (Пелистер), Мемеди, Нухиу (Ренова)
Црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Крстески, Динчев, Тодоровски, Миленковски (од 62м. Ристевски), Анастасов, Ганчев, Трајковски, Петковски, Ступиќ, Љамчевски (од 72м. Мустафов)

Ренова:
Мустафи, Имери (од 71м. Чампара), Мемеди, Еминин (од 76м. Садики), Нухиу, Рамадани, Мишковски, Реџепи, Фетаи, Мојсов, Мециновиќ

Играч на натпреварот:
Саљадин Мустафи (Ренова)

Тренерот на битолчани Марјан Секуловски на време за мечот со Ренова ги опорави Миле Петковски и Филип Миленковски, а кај „гипсарите„ на клупата останаа Асани и Бујчевски. Домаќините подобро го почнаа мечот и се заканија по првите два корнери. Најнапред блокиран беше Трајковски, а потоа Ганчев не успеа да бие од само 5-6 метри од голот на Мустафи. Најзрелата шанса ја имаше Петар Љамчевски, кој во 18 минута доби убава топка од Миленковски, но од околу 6-7 метри го префрли гостинскиот гол. Десет минути подоцна од волеј се обиде босанскиот интернационалец Ступиќ, но Саљадин Мустафи не даде да биде изненаден по средината од неговиот гол. Две минути подоцна Рамадани ги спаси гостите по продорот на Миленковски по левата страна, блокирајќи го центаршутот во последен момент. Првите закани на гостите беа ударите на Нухиу во 37 и Фетаи во 39 минута, но два пати Пашовски не даде да биде изненаден. Во следниот напад, по слободниот удар со левата нога на Анастасов, највисоко скокна прилепчанецот Крстески и биеше со глава, но сантиметри над пречката. Така со јалово подобра на игра на пелистерци, првиот дел заврши без голови. Вториот дел започна со зрела шанса за Филип Миленковски кој од позиција на лево крило шутираше од мртов агол, но во надворешниот дел од мрежата. Реџепи одговори со удар од тешка позиција, полулево, но Пашовски буден на голот. Невообичаена ситуација се случи во 52 минута, кога Трајковски беше соборен од Реџепи, дури и помошникот Митревски го подигна знаменцето, но главниот судија Маркоски не ја прифати сигнализацијата и остави играта да тече. Минута подоцна Ступиќ ја погоди стативата од само неколку метри, а во 55 минута и пласираниот шут на Петар Љамчевски, гостинскиот голман Мустафи го прочита. Пелистер делуваше далеку поопасно, но остави впечаток дека му требаат многу шанси да постигне гол. Бошко Ступиќ евидентно се трудеше и се обиде со глава по центаршутот на Анастасов, но пак не ја погоди рамката од голот. По еден час игра заради повреда Миленковски беше заменет со Ристевски кој се врати во тимот по болеста. Иницијативата на битолчани кулминираше со прецизната дијагонала на Ступиќ во 69 минута, но Мустафи со ефектна парада го спаси својот тим. Најзрелата шанса гостите ја имаа во 72 минута. Уловија контранапад, по кој Емини излезе пред Пашовски, но многу лошо ја зафати топката и таа одседна во рацете на Пашовски. Повеќе од срце одколку со глава, битолчани збркано се обидуваа да ги пробијат гостите. Тодоровски биеше високо над голот од слободен удар, а Ступиќ често беше чуван и од двајца чувари. И кога се очекуваше последниот бран од напади на зелените „ладен туш„ за битолската публика. Чампара им побегна на домашните дефанзивци и стигна пред Пашовски да ја втурне топката во домашната мрежа. Стрпливите и среќни гости успеаа да ја дочекаат својата шанса и да ги казнат домашните промашувања. И по 4 минути надополнување, Пелистер не успеа да ги смени работите на теренот под Тумбе кафе и по трет пат оваа сезона е поразен на свој терен, со што и натаму е во криза на резултати, долго време и без гол во официјални мечеви за бодови.    

Нема коментара:

Постави коментар