Powered By Blogger

21. 10. 2014.

Двајца пелистерци во пионерската репрезентација

НОВО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈТАЛЕНТИРАНИТЕ ПИОНЕРИ ОД АКАДЕМИЈАТА НА ПЕЛИСТЕР
Двајца фудбалери на Пелистер во генерацијата постари пионери, каде тренер е Кире Грозданов се повикани од селекторот Вујадин Станојковиќ во пионерската репрезентација за фудбалери под 16 години.
Двајца изданоци од школата на битолчани кои играат добро во континуитет се повикани за пријателските мечеви со БиХ од 21 до 23 октомври. Дефанзивецот Бојан Илиевски и напаѓачот Бобан Здравевски ќе се јават деновиве во националниот тим, а потоа за прв пат ќе настапат и во дресот со државниот грб. Големо признание за двете млади момчиња, кои се наметнаа и во овој и во претходниот шампионат.

Нема коментара:

Постави коментар