ВТОР
ПОСЛЕДОВАТЕЛЕН ПОРАЗ ОД СКОПСКИ РИВАЛ ЗА РАКОМЕТАРКИТЕ НА ЖРК ПЕЛИСТЕР
Спортска сала „Автокоманда„ - Скопје. Гледачи: 200
Судии: Михајло и Методија Илиевски од Скопје.
Делегат: Русе Наумовски (Скопје)
Антиќ, Серафимова, Ивановска, Каранфиловска 5, Пеовска 1,
Талевска 2, Белеска 1, Јовановска 1, Николиќ 3, Стојковска 3, Николовска 4,
Дабевска 1, Ливриниќ 1, Величковска 2, Ристовска 7, Петковска 3.
Седмерци: 2/3
Исклучувања: 12 минути
ЖРК Пелистер:
Шијаковска, Трпковска 1, Мурговска 5, Етемовска 2,
Димитрови, Гаштевска 3, Ставревска, Јовевска 3, Јошевска, Златевска, Шундовска
2, Секуловска.
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 6 минути
Екипата на ЖРК Металург го надигра тимот на Пелистер во
натпревар од 4 тото коло на македонската Суперлига. Во Автокоманда скопјанки
победија со 34:16 (20:5) во нерамноправен натпревар. Пелистер поведе во својот
прв напад, но Металург веднаш врати, со серија од 4:0. Уште полошо пелистерки
поминаа по постигнувањето на својот втор гол, бидејки домашните девојки вратија
со разурнувачка серија од 10:0. Следеше одлична реализација на скопските ракометарки, кои со брзи контранапади го
решетаа голот на противникот. До крајот на првото полувреме разликата достигна
до + 15 (20:5). Задоволни од постигнатото во првото полувреме, домашните
ракометарки се опуштија во вториот дел, па постигнаа 14, но и примија 11 гола.
Се на се убедлива и заслужена победа со одлична партија на десното крило, Сара
Ристовска, која средбата ја заврши со 7 постигнати гола. Кај гостинските
Викторија Мурговска постигна 5 гола.
Нема коментара:
Постави коментар