КОНЕЧНО ПОЗИТИВНИ ДЕНОВИ ЗА ВОЖДОВАЦ И КИТАНОВСКИ ВО СРПСКАТА ЛИГА
Во сенка на
големото „вечно дерби„ помеѓу Партизан и Црвена звезда, паднаа сите останати
мечеви од 8 коло на српската Јелен Супер лига. Вождовац на Томе Китановски
влезе во серија на добри настапи и резултати и ја забележа втората победа во
сезоната, со што има 7 бода од последните три кола.
Екипата на Томе Китановски
ја совлада Јагодина со 1:0 со голот на Стефан Бабовиќ во 44 минута. Истиот
фудбалер беше исклучен во 78 минута. Битолчанецот ги одигра сите 90 минути на
позицијата десен бек. Вождовац со овие три бода се искачи на 13 место со 7
освоени бода. Во наредното 9 коло на 25 октомври, Вождовац му гостува на
Војводина.
Нема коментара:
Постави коментар