ГОЛМАНОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА СТАНА ТАТКО, А И СЕ РАДУВАШЕ НА ТЕШКОТО ГОСТУВАЊЕ ВО ЛИРС
Во првиот меч од
11 коло на белгиската Јупилер ПРО лига, фудбалерите на Мехелен каде настапува
Томе Пачовски славеше на гостувањето кај Лирс со 0:1 со голот на Веселиновиќ во
33 минута.
Важни три бода со кои црвено-жолтите стигнаа до 6 место со 17 бода.
Во вторник во вонредното 12 коло, Мехелен го дочекува Зулте Варегем на
Александар Трајковски. Голманот на нашата репрезентација Томе Пачовски по втор
пат стана татко воочи мечот во Лирс, на кој беше резерва. Битолчанецот го доби
својот втор син Давид.
Нема коментара:
Постави коментар