Битолчани имаа можност
неколку пати да го прегледаат спорниот
момент од мечот со Ренова во средата и
52 минута во која помошникот Митревски
го подигна знаменцето регистрирајќи
прекршок врз Трајковски во шеснаесетникот
на Ренова.
Која е причината што главниот
судија Марјан Маркоски од Охрид не
покажа на белата точка, битолчани не
знаат и веќе два-три дена се прашуваат.
Иако најнапред проблемите ги гледаат
во својот дом, пелистерци се изненадени
за третманот врз нив, пред се на домашните
натпревари. Кога евидентниот пенал, не
е пенал и кога судиите ќе сигнализираат,
тогаш што е пенал за Пелистер?
Нема коментара:
Постави коментар