ТАГА ВО БИТОЛСКИОТ ТАБОР, РЕНОВА СЛАВИ ТРИУМФ НА КОЈ НЕ СЕ НАДЕВАШЕ
Пелистер прокоцка
многу шанси и остана без бодови против Ренова, а полека се вклучи и алармот на
криза кај битолчани кои не постигнале гол во натпревар од шампионат од 14
септември и победата над Тетекс од 3:0.
Двајцата тренери по мечот под „Тумбе
кафе„ беа согласни дека спортската среќа одлучи да има победник на оваа средба „Нема
што да им забележам на моите фудбалери. За жал не реализиравме, а имавме многу
шанси за тоа. Фудбалот знае да биде суров и ние тоа денес гпо почувствувавме.
Оваа публика и Битола треба да биде горда на 17 бода кои екипата ги освои во
досегашниот тек на шампионатот. Среќата овој пат не беше со нас„ рече разорачан
по мечот тренерот на битолчани Марјан Секуковски „Мислам дена нашата стрпливост
и спортската среќа ни донесоа победа. Честитки и за Пелистер кој одигра одличен
натпревар и заслужи подобра среќа, но се бројат головите. Мојата екипа не
попушти со концентрацијата и тоа на крајот ни донесе три бода„ заклучи тренерот
на Ренова, Ќатип Османи.
Нема коментара:
Постави коментар