Powered By Blogger

14. 10. 2014.

Српски спортски директор ќе го „сложува„ Пелистер

НОВИТЕ СОПСТВЕНИЦИ ГО ОФИЦИЈАЛИЗИРАА РАКОВОДНИОТ ТИМ НА ФК ПЕЛИСТЕР
Србинот Милош Манојловиќ денес е назначен за нов спортски директор на битолски Пелистер, кој од пред неколку недели официјално има нов доминантен сопственик во името на битолската компанија „Цермат„. На интерен состанок и вечера, претставени беа новите раководни луѓе во клубот, а најодговорната функција која претставува спој помеѓу стручниот штаб, фудбалерите и бордот на директори, доверена му е на Манојловиќ.
Се работи за млад фудбалски работник, кој доаѓа на инсистирање на новите сопственици и веќе почна да ги запознава фудбалерите и  стручниот штаб на чело со Марјан Секуловски. Манојловиќ како фудбалер поникна во школата на ОФК Београд, настапуваше во Германија, Романија и Либан и кариерата ка заврши во Земун. Сега почнува една друга кариера и новиот предизвик многу му значи: „Верувам дека овој раководен тим на Пелистер ќе остави траги во своето работење и по години ќе се зборува за нашиот труд. Отворен сум за секој вид на соработка и ќе го запознаам секој детал поврзан со Пелистер. За фудбалерите и нивните потреби ќе бидат достапен 24 часа„ им се обрати на пелистерци новиот спортски директор. За прв пат во историјата битолскиот прволигаш ќе има странски спортски директор, откако во минатото на оваа функција беа бивши фудбалери на клубот како Стојковски, Мицевски, Китановски, Димов, Здравевски. Исто така раководниот тим е заокружен со потврдата дека претседател на клубот ќе биде Димче Шеровски, а секретар Бруно Пресилски.
Комерцијалниот директор на „Цермат„ исто така бивш фудбалер во сите младински категории за Пелистер, Николче Вељаноски ќе ја извршува функцијата на технички директор во клубот. Соа тоа завршена е најважната алка во реорганизацијата на Пелистер, а наредна тема ќе биде клубската академија, која исто така ќе претрпи измени. В сабота од 14:30 часот, Пелистер го дочекува Хоризонт Турново под „Тумбе кафе„ во меч од 11 коло на Првата фудбалска лига. 

Нема коментара:

Постави коментар