БЕРОЕ ПРОДОЛЖУВА ДА „ГАЗИ„ ВО БУГАРИЈА, ДРАГАРСКИ СЕ ЗАЦВРСТИ ВО ОДБРАНАТА НА КОНКОРДИЈА
Христијан Драгарски се зацврсти во првиот тим на
Конкордија и го одигра првиот комплетен натпревар. Тој 90 минути беше во
централниот дел од одбраната на Конкордија на мечот од 10 коло во романската
лига против Рапид Букурешт.
Мечот заврши 0:0, а по овој меч Конкордија остана
на 14 место со 9 бода. Стефан Спировски влезе во 82 минута на местото на Елијас
во победата на Берое на гости кај Локомотив Софија со 0:3. За зелените од Стара
Загора погодија Ндаје и два гола на Гади. За Локомотив сите 90 минути ги одигра
Ранџеловиќ. Берое е втор во бугарската лига со 21 бод од 11 одиграни кола.
Нема коментара:
Постави коментар