НАЈМЛАДИОТ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕТЕН КЛУБ ДОВЕДЕ ДВА СТРАНСКИ РАКОМЕТАРИ ДА ИГРААТ ВО ПРВА ЛИГА
Само што се
пријави за натпреварување во Првата македонска лига и обезбеди добра финансиска
конструкција, новоформираниот клуб ХЈС Работник веќе направи компетитивна
екипа.
Клубот кој го формираа и го водат бившите репрезентативци Иван Марковски
и Александар Зарков се потпираат на домашни млади ракометари, но ангажираа и
двајца странски ракометари кои до минатата сезона настапуваа во Пелистер.
Корпулентниот 27 годишен голман Крис Нкунгуа кој доаѓа од Франција и имаше
солидна мината сезона во Пелистер и средниот бек Сергеј Бесараб потпишаа за ХЈС
Работник и дебитираа во првото коло во победата над кавадаречки Лозари со
24:14. Со помош на главниот спонзор „Еурофарм„ овој клуб дефинитивно е кандидат
за промоција во Суперлига.
Нема коментара:
Постави коментар