ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА КИК-БОКС РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КИК-БОКС
Двајцата битолчани врвни кик боксери Александар Најдовски -
Сканта и Александар Димовски - Димса се дел од македонската репрезентација која
ќе учествува на сениорското Европско првенство во Шпанија.
Најдовски е пет пати
прогласен за државен првак на Македонија, но врвни резултати во последните
неколку години на ова поле носи и Димовски. Македонската кик бокс
репрезентација интензивно се подготвува за сениорското Европско првенство кое
од 18 до 26 октомври ќе се одржи во Билбао во ринговни дисциплини: лоу кик, К-1
и фулконтакт. Селекторот Дејан Митровски за ова ЕП ги одбра најдобрите адути:
Ненад Манојловски, Димитар Георгиев, Љупче Коцев, Мики Ивановски, Александар
Најдовски и Александар Димовски. Ивановски ќе настапи во дисциплината К-1,
останатите во лоу кик. Двајцата битолски кик-боксери тренираат и напредуваат
под будното око на Тони Бошевски и Гордана Цветковска - Бошевска во КК
„Самурај„ од Битола. Тие имаат големи заслуги за нивниот настап во Шпанија. Денес на официјална прес-конференција ќе говорат репрезентативците и нивните тренери.
Нема коментара:
Постави коментар