Powered By Blogger

24. 10. 2014.

Mирчевски повикан во репрезентација, ја пропушта Ренова

НАЈДОБРИОТ МЛАД ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР ПОВИКАН ВО СЕЛЕКЦИЈАТА ПОД 18 ГОДИНИ
Репрезентацијата на Македонија до 18 ќе одигра две контролни средби со соодветната селекција на Унгарија. Првиот натревар е закажан за 28 октомври во 17 часот, додека два дена подоцна во терминот од 11 ќе го одиграме вториот натревар. 
Средбите ќе се одиграат во „Тилки“ тренинг центарот на Унгарската Фудбалска Федeрација во близина на Будимпешта. Повикан е фудбалерот на Пелистер Мартин Мирчевски, кој така веројатно ќе го пропушти мечот со Ренова во среда на 29 октомври. Селекторот Несими Јетон ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: 
Филип Илиќ (ФК Металург), Боби Целевски (Македонија Ѓорче Петров).

ОДБРАНА
Слободан Боцевски (ФК Македонија Ѓорче Петров) , Дин Алаомреовиќ (ФК Вардар),Тела Шаип (ФК Ксамакс), Милан Алексиќ (ФК Динамо Врање), Игор Перчинков (ФК Работнички), Стефан Лазаров (Работнички), Енис Дервиши (ФК Шкендија), Стефан Лазаров (ФК Работнички).

СРЕДЕН РЕД:
Стефан Јевтовски (ФК Металург), Курт Реџеп (Академија Пандев), Исеини Бесарт (ФК Шкупи), Мартин Мирчевски (ФК Пелистер), Илбер Мејди (ФК Базел).

НАПАД:

Петар Петковски (ФК Вардар),Валентин Кочовски (ФК Хоризонт Турново), Селмани Ремзифаик (ФК Ренова) , Боби Георгиев (ФК Металург)

Нема коментара:

Постави коментар