Powered By Blogger

28. 10. 2014.

Хуманитарен футсал спектакл утре попладне во Битола

БИТОЛЧАНИ СЕ НА РЕД ДА ЈА ПОКАЖАТ СВОЈАТА ХУМАНОСТ УТРЕ ПОПЛАДНЕ ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„
Фудбалската федерација на Македонија во соработка со општина Битола ќе учествува на хуманитарниот натпревар за помош на Игор Наумовски – 26. годишно момче од Битола, кој има потреба од медицински третман во странство.
Ветераните на македонската фудбалска репрезентација и поранешни фудбалери на Пелистер во среда од 17.00 часот ќе одиграат натпревар во спортската сала „Младост“ во Битола, во тимот на македонската репрезентација ќе бидат Илија Најдоски, Саша Ќириќ, Томче Трајановски, Жанко Савов, Свето Станковски, Илчо Ѓорѓиоски, Бошко Ѓуровски, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Тони Наумоски, Марјан Стојкоски, а како специјални гости на настанот ќе бидат легендата на македонската кошарка Петар Наумовски и нашите музички ѕвезди Даниел Кајмакоски, Влатко Лозаноски и Ламбе Алабаковски. Хуманитарниот фудбалски натпревар ќе се одигра утре во спортската сала „Младост“ од 17.00 часот, влезниците ќе се продаваат по цена од 100 денари.

Нема коментара:

Постави коментар