Powered By Blogger

16. 10. 2014.

Новески наскоро пак на теренот

БИТОЛЧАНЕЦОТ ОД БУНДЕСЛИГАТА НАСКОРО ПАК НА ТЕРЕНИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА
Поранешниот македонски репрезентативен капитен, битолчанецот Николче Новески е пред кам-бек во тимот на Мајнц откако се рехабилитираше од повредата. Капитенот на бундеслигашот не тренираше цели девет недели, која го одалечи од дури седум натпревари сезонава во Бундеслигата.
Новески одигра само 55 минути во премиерното коло на гостувањето против Падерборн. „Новески девет недели беше без фудбал. Потребно му е малку време да се врати во форма“, изјави тренерот Каспер Хјулманд за германските медиуми. Сѐ уште не е јасно дали Новески ќе биде вклучен во составот за саботниот натпревар на Мајнц против Аугсбург во рамки на 8 коло од германската елитна фудбалска лига.

Нема коментара:

Постави коментар