ДВАТА БИТОЛЧАНИ ВО ПЕТОЧНИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ НЕ НАСТАПИЈА И ДЕНЕС СЕ ВРАЌААТ ВО МАКЕДОНИЈА НА ПОВИК НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА
Во првото коло од
28 коло на белгиската Жупилер Про лига, тимот на Мехелен на Томче Пачовски го
совлада Локерен со 1:0 со голот на Јанкер во 30 минута. Пачовски беше на
клупата за резервни фудбалери, а на голот 90 минути бранеше Биабау. Александар
Трајковски го одигра целиот меч за Мехелен, кој од 40 минута играше со човек
повеќе по исклучувањето на Одои.
По ова коло Мехелен е на 11 место со 31 бод. Во првиот натпревар од 21 коло на романското првенство, Астра Плоешти на Мирко Ивановски загуби на гостувањето кај Универзитатеа Клуж со 1:0 со голот на Лемнару во 9 минута. Младиот битолски напаѓач не настапи на овој меч. Астра и покрај поразот останува на второто место со 45 бода. Двајцата битолчани денес се враќаат во Македонија и од понеделник ќе му се стават на располагање на селекторот Бошко Ѓуровски за пријателскиот меч со Летонија.

Нема коментара:
Постави коментар