Powered By Blogger

30. 3. 2014.

Алтипармаковски пак јунак на Паналијакос

ПО ВТОР ПАТ ОВАА СЕЗОНА БИТОЛЧАНЕЦОТ КЛУЧЕН ЧОВЕК ЗА БОДОВИТЕ НА ПАНАЛИЈАКОС
Бившиот младински репрезентативец и члек на Пелистер и Ксанти, Марјан Алтипармаковски втор пат оваа пролет откако се врати во Грција е јунак на својата екипа. Попладнево одигра цел натпревар во победата на неговиот Паналијакос над Акарнаикос со 2:1.
Во тврд и многу тешко надигрување, домаќините во само три минути го свртија резултатот. Во 67 минута Акарнаикос поведе со голот на Неофитос. Но од 72 до 75 минута најнапред Флигос од мешаница израмни, а потоа Алтипармаковски со инстикт на врвен стрелец од 7-8 метри ја погоди мрежата на гостите. Важна победа со вториот гол во новиот клуб за Паналијакос, кој сега скокна на 10 место со 35 бода. 

Нема коментара:

Постави коментар