ИАКО ВОДЕА ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ЧЕТВРТИНИ, ПЕЛИСТЕРЦИ НЕСРЕЌНО ЗАГУБИЈА ВО КАВАДАРЦИ
Фени Индустри -
Пелистер 69:63 (17:18, 14:19, 16:15, 22:11)
Во крајно неизвесен натпревар во
спортската сала „Јасмин„ во Кавадарци, кошаркарите на Пелистер повеќе од три
четвртини имаа водство против домашните портокалови.
Пак на „крилата„ на српските интернационалци Мико Голубовиќ и Миљан Радисављевиќ, зелените се „одлепија„ на +8 на почетокот на вториот период. Момците на Печалов играа полетно, добро го сопреа најсилното оружје на Фени Индустри, шутот, и на крајот на вториот период Пелистер водеше со 31:37. Богоев немаше свој ден и играта на кавадарчани трпеше. Со +5 битолчани влегоа во последната четвртина, но тогаш започна пресвртот на домашната екипа. Бјелиќ и Марковски го предводеа тимот на Фени Индустри со серија од 12:4, до прво водство во 25 минути бркање на противникот. Од 36 минута и резултатската и психолошката предност беше на страната на Фени Индустри, кој со серија на слободни фрлања го приведе мечот кон крај до победа од 69:63 . Фени Индустри му се реваншираше на битолскиот прволигаш за поразот од пред еден месец во Битола. Во победничката екипа најефикасни беа Бјелиќ и Марковски со по 16 поени, а Харис и Цветковиќ додадоа по 14. Кај пелистерци се издвоија Голубовиќ со 20 и Радисављевиќ со 17 поени. Во наредното второ коло од плеј-аутот Пелистер го дочекува тимот на Карпош Соколи од кого загуби со 36 разлика во понеделникот.

Нема коментара:
Постави коментар