Powered By Blogger

21. 3. 2014.

Спировски слави во „македонското дерби„ во Бугарија

ВО ПРВИОТ МЕЧ ОД 28 КОЛО НА БУГАРСКАТА ЛИГА, ЗЕЛЕНИТЕ ОД СТАРА ЗАГОРА СЛАВАТ ЗНАЧАЈНА ПОБЕДА
Во мечот од 28 коло на бугарското првенство екипата на Стефан Спировски, Берое од Стара Загора го совлада тимот на софиска Славија на Кире Ристевски со 1:0. Со голот на бразилецот Елијаш да Силва во 48 минута домашните „зелени„ дојдоа во водство.
Подоцна имаа неколку шанси за втор гол, но одолеа одбраната на црно-белите на чело со голманот Петков. Стефан Спировски влезе во игра во 71 минута на местото на Костадинов и одигра дваесетина минути. На спротивната страна Кире Ристевски како централен дефанзивец го одигра целиот меч и оваа пролет не пропушти ни минута и има 450 минути во нозете во дресот на новиот клуб. Берое со оваа победа е прв во плеј-аут лигата, вкупно осми во шампионатот со 42 бода и веќе го има обезбедено опстанокот. Славија падна на десеттото место со 34 бода и покрај поразот е многу блиску до опстанок. Во наредното 29 коло Берое на 26 март му гостува на Локомотив во Софија, а Славија во наредното коло е слободна, па го дочекува токму Локомотив на 31 март.  

Нема коментара:

Постави коментар