ПОЗИТИВНИ МОМЕНТИ ЗА РОМАНСКА АСТРА СО НОВИОТ ТРЕНЕР, НО ИВАНОВСКИ ПАК Е НА КЛУПАТА
Во еден од двата
последни натпревари од 25 коло на првата романска лига, Астра Плоешти забележа
важна гостинска победа против Чеалул со 0:2. Македонскиот интернационалец Мирко
Ивановски не настапи и цел меч го одгледа од клупата.
За Астра головите ги постигнаа Мател во 62 и Каленчеа во 90 минута. Со оваа победа екипата на Ивановски се доближи на 5 бода до водечката Стеауа, која утре го игра својот меч со Ботосани на домашен терен. Откако екипата на Ивановски го смени тренерот и дојде ветеранот Флорин Марин, следеше реми 0:0 во Купот и оваа важна гостинска победа. Во наредното 26 коло, наредната недела на 6 април, Астра пак гостува овој пат кај Брашов.

Нема коментара:
Постави коментар