Powered By Blogger

10. 3. 2014.

Реми за Канатларовски во дербито на Војводина

ОДЛИЧНО СОСЕДСКО ДЕРБИ И ПОДЕЛБА НА ПЛЕНОТ НА МЕЧОТ ВО СУБОТИЦА
Во прекрасен амбиент на стадионот во Суботица беше одиграно големото дерби на Војводина помеѓу Спартак Златибор Вода на битолскиот стручњак Драган Канатларовски и Војводина.
Во големо надигрување мечот заврши без победник 1:1. Поведоа гостите со голот на Милинковиќ-Савиќ уште во шестата минута. Екипата на Канатларовски како и во претходното коло на „Карабурма„ мораше да го брка противничкиот „минималец„ По акцијата на Мркела, во 22 минута Торбица постигна ефектен гол за финални 1:1. По ова 18 коло Спартак Златубор Вода остана на 8 место, сега со 23 бода, 2 од нив освоени во 3 пролетни натпревари. Во наредното 19 коло екипата на Канатларовски гостува кај Јавор во Ивањица наредната сабота на 15 март во 14:30 часот. Битолски Пелистер одигра два контролни натпревари против Јавор во Охрид оваа зима. Најнапред загуби со 0:3, па славеше со 1:0 со голот на Воденичаров. 

Нема коментара:

Постави коментар