Powered By Blogger

13. 3. 2014.

Дресот на Пелистер, предизвик за молдавецот Вакарук

ЗА ПРВ ПАТ ЕДЕН МОЛДАВСКИ СПОРТИСТ ЌЕ НАСТАПУВА ВО МАКЕДОНИЈА И ВО БИТОЛА, И ТОА НА НАЈОСЕТЛИВОТО МЕСТО ВО РАКОМЕТОТ

Самата помисла дека Пелистер оваа зима донесе ракометар од Молдавија не беше најдобро прифатена. Оваа земја никогаш не била ракометна сила, ниту е земја во прогрес.
Но го имаат клубот Олимпус, кој добро го запознавме пред две години кога гостуваше на турнир во Битола, во спортската сала „Младост„ и одигра два натпревари. Еден од тие ракометари кои гостуваа во Битола беше и 29 годишниот голман Владислав Вакарук, кој доаѓа од местото Белц во Молдавија: „Во 2011 година го запознав Пелистер и Битола како ракометен центар. Убаво  беше да се гостува тука, а наредната година со Олимпус играв и во Скопје против Металург во ЕХФ Купот. Забележав дека атмосферата откако дојдов тука во Пелистер е многу пријателска, има дружење, чувствувам зближување меѓу ракометарите, иако доаѓаат од различни места во Европа. Во Молдавија не е така. Постојат само два добри клуба, само 3-4 луѓе добро инвестираат во ракометот, останатото не е на професионално ниво. Можам да ви кажам дека и тренинзите и методите се многу поинакви во бившите советски простори и тука„ споредуваше Вакарук, кој пред да дојде во Битола настапуваше за Локомотива Варна, Кронан во Белорусија, , Гродно и Олимпус „Секаде каде што настапував имав руски тренери, кои имаат свои методи и се многу поразлични од тоа што го работивме тука во Пелистер. Пријатно сум изненаден колку иновативно тренираме и верувам дека тоа ќе даде резултати„ ни рече корпулентниот чувар на битолската мрежа, кој е висок 194 сантиметри и тежок 99 килограми. 
Стартот на ракометната пролет не беше како што Вакарук и другарите што очекуваа, но има уште многу до крајот на сезоната. Најнапред да се стабилизира новиот ростер на тимот, да се распредели хиерархијата на голот: Нкунгуа е најавено дека ќе се врати од Франција, но веќе со недели му недостига потребната документација за да игра во Македонија, а тука е и Менде Божиновски кој одлично бранеше во подготвителниот период и ја делеше минутажата со Вакарук. Голот на Пелистер го бранеле се елитни имиња, репрезентативци на Македонија како Јовановски, Стефановски, Кимевски, Петковски, Ходик, Мисовски, славниот Дејан Периќ и уште многу, многу други. Затоа одговорноста врз искусниот молдавски голман е голема и важноста на голманското место во ракометот не треба да се напоменува. Едноставно ни треба елитен голмански тандем ова лето, за кошмарите од последнитен 5-6 години, да се претворат во „розови сништа„

Нема коментара:

Постави коментар