Powered By Blogger

20. 3. 2014.

„Битолско дерби„ во бугарската лига

НЕКОГАШНИТЕ НАДЕЖИ НА ПЕЛИСТЕР, СЕГА МЕЃУ СЕБЕ ИГРААТ ЗА ПРВЕНСТВЕНИ БОДОВИ ВО БУГАРИЈА
До пред неколку сезони двајцата беа дел од супер талентираната генерација на битолски Пелистер.
Подоцна заедно играа во младинската репрезентација под 21 година, пред неколку недели Бошко Ѓуровски за прв пат ги повика двајцата заедно во сениорскиот национален тим за контролниот меч со Летонија. Битолчаните Стефан Спировски и Кире Ристевски кои настапуваат во бугарската прва лига, утре за прв пат ќе играат меѓусебно „битолско дерби„ во најсилниот ранг во нашето соседство. Берое на Спировски, кој се скраси во зелените од Стара Загора утре од 17 часот ја дочекува Славија од Прага на Кире Ристевски. За прв пат ќе играат еден спроти друг двата пријатели од младинските категории на Пелистер. Двете екипи се во таканаречениот плеј-аут и се борат за опстанок, а не за место во Европа. 
Берое кој игра се подобро е прв во плеј-аутот од седум тимови со 39 бода и веќе го има обезбедено опстанокот. Спировски остани впечаток кај тренерот на екипата Петар Хубчев, но на последните два натпревари не настапи. Бугарските медиуми го најавуваат во стартниот тим за мечот со софиските црно-бели. Тие пак со Ристевски во срцето на одбраната, од денес се во Стара Загора и по убедливите 5:1 против Нефтохимик Бургас, сакаат бодови за дефинитивен опстанок. Со 34 бода Славија е втора во оваа мини-лига и има дури 9 бода повеќе од опасната зона. Ристевски игра одлично и иако е дефанзивец стигна да постигне два гола на првите четири средби за новиот клуб. Двајцата репрезентативци имаат убава можност да играат еден против друг, да се наметнат кај селекторот Ѓуровски и веројатно по мечот да ги разменат дресовите.  

Нема коментара:

Постави коментар