ИМЕТО НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ДИМИТАР МЕЧКАРОВСКИ, НАЈСПОМНУВАНО ПО ПРВОТО „ВЕЧНО ДЕРБИ„ ВО 2014 ГОДИНА
Прва фудбалска
лига - 21 коло
Вардар - Пелистер
1:1 (1:1)
Национална арена
„Филип Втори“ - Скопје. Гледачи: 3.500
Главен судија:
Димитар Мечкаровски
Асистенти: Дејан
Неделковски и Гоце Петревски (сите од Скопје)
Делегат: Иванчо
Захариев (Кочани)
Стрелци: Наумоски
од пенал во 41 минута за Вардар, Љамчевски во 5 минута за Пелистер
Жолти картони: Трниниќ,
Ѓорѓиев (Вардар), Брдаровски, Елмазовски, Христов (Пелистер)
Црвен картони:
Мите Цикарски во 52 минута за Вардар
Вардар:
Захов, Бојовиќ,
Ѓорѓиев (0дн78м. Асани), Трниниќ, Петров, Рељиќ, Јовановски (Блажевски),
Деспотовски, Цикарски, Наумовски, Гроздановски (од 57м. Лазаревски)
Пелистер:
Пашовски, Динчев,
Драгарски, Брдаровски, Анастасов (од 81м. Ристевски), Мојсов, Марковски,
Љамчевски (од 72м. Мустафов), Ковачев, Христов, Елмазовски
По прекрасни услови за фудбал и
со присуство на 3500 љубители на фудбалот, меѓу нив и двете навивачки групи,
најголемиот клубски меч во нашата земја донесе многу емоции. Уште во петттата
минута битолските зелени поведоа и тоа по убава акција на целиот среден ред.
Илир Елмазовски ја протна топката до Петар Љамчевски, кој од 5-6 метри ја
пласираше топката под немоќниот Захов. Како и во есенскиот дел во Битола,
битолчани брзо поведоа и имаа почеток како што само можеа да посакаат. Долго
време по примениот гол вардарци ја бараа својата игра, а зелените без проблеми
одолеваа на нападите на шампионот. Во 40 минута „фамозниот „ Мечкаровски покажа
на белата точка по дуелот на Елмазовски и Петров, кој личеше на се, само не на
најстрога казна. Илчо Наумоски биеше по средината на голот и го измами Горан
Пашовски. Примениот гол пак со „силен ветер в грб„ ги „олади„ пелистерци кои
играа тактички одлично до тој момент. Во судиското надополнување Мојсов повлече
контра 4 против 1, но толку лошо проигра, што вардаровата одбрана се извлече од
практично безизлезна ситуација. Почетокот на второто не најавуваше ништо
поразлично од првото полувреме. Но по еден обичен дуел на средината на теренот,
Мите Цикарски отиде со високо подигната нога врз Анастасов, па Димитар
Мечкаровски му покажа директен црвен картон. Во 62 минута Петар Љамчевски
пласираше од работ на казнениот простор, но премлако за да го измами Захов. Во
63 минута Елмазовски изведе остар слободен удар, топката падна на пеналтикот,
но Мечкаровски пред исходот досуди прекршок во напад. Вардар возврати со
млакиот удар на Јовановски, но Пашовски без проблем одбрани. Рускиот тренер
Андреев го внесе Мартин Блажевски на местото на Јовановски, а Бочевски возврати
со Бурхан Мустафов ој во 71 минута го замени стрелецот Петар Љамчевски. Александар
Анастасов во 80 минута имаше убава можност од работ на казнениот простор, но не
се координираше најдобро и биеше крај голот. Тоа беше последна негова шанса на
мечот, бидејќи минута подоцна беше заменет со Диме Ристевски. Во 88 минута по
акцијата на Марковски, топката дојде до пеналтикот, но Елмазовски и Мустафов не
стигнаа да бијат. По корнерот кој следеше, Мојсов сакајќи да изфрли во поле, за
малку ќе си дадеше автогол, но спаси капитенот Пашовски во заден час. Двете
екипи како да се задоволија со реми, во прескромно надигрување и мечот полека
се доближи до крајот. Поделба на пленот, која можеби е и најреален исход, иако
остануваат дилеми за пеналот за вардарци кој го насочи целото второ полувреме
кон нерешен резултат.
Нема коментара:
Постави коментар