МЛАДИОТ БИТОЛСКИ ФУДБАЛЕР ГО ЗАПОЧНА ОПОРАВУВАЊЕТО ПО ОПЕРАЦИЈАТА ТЕШКАТА ПОВРЕДА
21 годишниот
дефанзивец Александар Ристевски, кој настапува во скопски Металург успешно е
опериран во Софија од тешката повреда на вкрстените лигаменти, која ја заработи
во зимските подготовки на неговиот клуб.
Имено фудбалерот кој потекнува од школата на Пелистер по втор пат се соочи со овој вид на повреда, но задоволен е како мина операцијата во Бугарија и веќе ја започна пост оперативната рехабилитација. Ристевски се оперираше на свој трошок и најважно му е да закрепне и повторно да му се врати на фудбалот. Баш во моментите кога се наметнуваше во тимот од Автокоманда дојде повредата, откако во есенскиот дел одигра одлична полусезона во дресот на Скопје. Целта на Ристевски е да биде подготвен за наредниот шампионат, во кој најверојатно ќе настапува за некој друг македонски клуб.

Нема коментара:
Постави коментар