ТРИ МЕЧА ПО РЕД ЕКИПАТА НА МИРКО ИВАНОВСКИ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ ВО РОМАНСКАТА ПРВА ЛИГА
Веќе три натпревари Астра
Плоешти е без победа во романската лига и осетно заостанува зад водечката екипа
на Стеауа. Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски не доби шанса во
домашниот меч од 24 коло против Отелул Галати, кој заврши 1:1.
Иако со голот на португалецот Јазалде кој игра на позицијата на Ивановски, Астра поведе уште во 4 минута, бразилецот Маркињос од пенал израмни за тринаесеттопласираниот Отелул во 36 минута. Најзрелата шанса за победа, бело-црните од Плоешти ја имаа во 54 минута, кога Јазалде шутираше пенал, но гостинскиот голман Гоикочеа одбрани. Ова е само втор бод на последните три меча на Астра, која полека влегува во мини-криза на резултати. Со 50 бода е второпласирана на 5 бода до водечката Стеауа, која има и меч помалку, а 4 бода повеќе од третопласираниот Петролул. Во среда во првиот меч од полуфиналето на Купот на Романија, Астра игра токму со градскиот ривал Петролул, а во првенството наредниот предизвик за тимот на Ивановски е гостувањето кај Челал Пјатра Немт на 31 март.

Нема коментара:
Постави коментар