Powered By Blogger

10. 3. 2014.

Ивановски играше едно полувреме, Астра со важна победа

ДИНАМИЧНО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ ЗА ИВАНОВСКИ И ПОБЕДА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕТО ЗА АСТРА ВО РОМАНСКОТО ДЕРБИ
Битолчанецот Мирко Ивановски се најде во стартниот тим на Астра Плоешти против Пандури во еден од последните понеделнички мечеви од 22 коло на првата романска лига.
Ивановски играше најистурен во шпицот на Астра против незгодниот четврто пласиран тим во лигата. Ивановски одигра динамично прво полувреме, по кое беше заменет со Јазалде. Во вториот дел Астра го скрши отпорот на гостите и со головите на Мател во 65 и Јорга во 70 минута стигна до важна втора пролетна победа. По ова коло Астра Плоешти се зацврсти на второто место со 48 бода и во наредното коло в недела го игра дербито со Петролул. Водечката Стеауа и натаму е на четири бода предност пред тимот на Мирко Ивановски.

Нема коментара:

Постави коментар