САМО СЕКУНДИ ГО ДЕЛЕА ТИМОТ НА АСТРА НА БИТОЛЧАНЕЦОТ ИВАНОВСКИ ОД ПОБЕДА ВО ГРАДСКОТО ДЕРБИ НА ПЛОЕШТИ
Последната 90
минута беше фатална за Астра Плоешти на македонскиот интернационалец Мирко
Ивановски.
Имено второпласираната екипа во романската прва лига, долго водеше на гостувањето кај Петролул со автоголот на Алценат во 42 минута. Но гостите останаа со човек помалку по исклучувањето на Лебан во 73 минута. Тогаш Петролул жестоко навали и во 93 минута преку Хобан постигна гол и спаси бод. Ивановски кој во претходното коло заработи повреда на скочниот зглоб, не доби шанса и мечот го одгледа од клупата, додека Јазалде го предводеше нападот на Астра. Клубот на битолчанецот по ова 23 коло остана на второто место, сега со 49 бода, сега шест бода помалку од Стеауа, која во ова коло без проблем го совлада Газ Метан во Букурешт со 3:0. Во наредното 24 коло Астра Плоешти го пречекува тимот на Отелул Галати во петок на 21 март во 18 часот.

Нема коментара:
Постави коментар