ВИТАЛНИ ТРИ БОДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ПОСВЕТЕНИ НА
СВОЈОТ НЕПРЕЖАЛЕН ПЕТАР МИЛОШЕВСКИ
Пелистер - Македонија Ѓ.П. 2:1 (0:1)
Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола.
Гледачи: 1.500
Главен судија: Далибор Ѓорѓевски
Асистенти: Гоце Николов и Орце Стефановски
(сите од Куманово)
Делегат: Спасе Панџак (Охрид)
Стрелци: Ковачев во 66 и Воденичаров во 89
минута од пенал за Пелистер, а Адем во 2 минута за Македонија Ѓ.П.
Жолти картони: Марковски (Пелистер) Бојку, Колчакоски
(Македонија)
Црвени картони: нема
Пелистер:
Пашовски, Брдаровски, Драгарски, Ковачев,
Динчев (од 63м. Ристевски), Христов, Мојсов (од 81м. Љубенов), Анастасов (од
46м. Марковски), Миленковски, Љамчевски, Воденичаров
Македонија Ѓ.П.:
Алексовски, В. Божиновски, Колчакоски,
Мециновиќ, Б. Божиновски (од 42м. Бојку), Ѓурѓевиќ, Јанчевски (од 67м.
Стојковски), Грујовски, Колаќески, Адем, Рамадан
Играч на натпреварот:
Мартин Ковачев (Пелистер)
Најемотивниот
натпревар одигран во Битола започна катастрофално за домашната екипа. Уште во
втората минута голманот Пашовски погреши при дегажирањето и му ја подари
топката на Ермедин Адем,а овој од голема далечина ја пласираше во празната
мрежа. На пелистерци долго им требаше да се соземат, па дури во 15 минута
креираа шанса. Воденичаров изби сам пред Алексовски и кога требаше само да ја
втурне топката во мрежата, Васко Божиновски стартуваше и расчисти опасноста.
Домаќините бараа прекршок и најстрога казна, но Ѓорѓевски одмавна со рака.
Пелистер комплетно ја превзеде иницијативата и преку Љамчевски имаше неколку
зрели шанси за гол. Стрелецот од мечот со Вардар во 24 минута биеше по земја,
но само неколку сантиметри крај голот. Четири минути подоцна Алексовски го
одбрани ударот со глава на Ковачев. Но голманот на црвено-жолтите се надмина
себеси во 35 минута кога го скроти ударот на Љамчевски од 10-11 метри, а потоа
од само 4-5 метри рефлексно го прочита и Драгарски. Иако имаа голема превласт,
зелените на одмор мораа да заминат со дефицит.
Вториот
дел започна со Благојче Марковски на местото на Анастасов и нов бран на
офанзива на битолчани. Љамчевски пак имаше два обиди, од кои во вториот во 57
минута од само 5-6 метри пласираше, но ударот беше премлак и централен да се
совлада Алексовски. Но во 66 минута на ефектен начин бугарскиот дефанзивец
Мартин Ковачев го изведе слободниот удар од 23,34 метри и со удар преку живиот
зид го совлада немоќниот Алексовски. Резултираше жестоката иницијатива на
зелените, кои со влегувањето и на Ристевски станаа преофанзивни. Пак со неколку
удари на Љамчевски и Христов, повеќе со срце одколку со глава, зелените се
обидуваа да дојдат до пресврт. Љубенов беше последниот „адут од ракавот„ на
Бочевски и го внесе на 9 минути до крајот. Минута по неговото влегување и
неговиот центаршут, Воденичаров врати во средината на казнениот простор до
Драгарски, кој шутираше со глава во пречката од голот на скопјани. И среќата им
го сврте грбот на битолчани. Но во 89 минута Колчакоски го сруши Воденичаров со
високо подигната нога, а кумановски судија Ѓорѓевски без размислување покажа на
белата точка. Димитар Воденичаров го поби правилот дека не треба да изведува
фудбалерот над кој е направена насјтрогата казна. Бугарскиот напаѓач со
комплетираше пресвртот на пелистерци. Тешко издвојувана победа на прволигашот
од Битола и враќање на истото место на табелата на која Пелистер беше и на
зимската пауза.
Нема коментара:
Постави коментар