Робусниот голгетер на
Пелистер Благојче Главевски немаш среќа
со повредите во својата кариера. Има
едве операции на коленото и долго време
беше надвор од фудбалските терени.
Последниот негов официјален меч за Пелистер беше баражот за опстанок со Скопје во Кичево во мај минатата година. Од тогаш се повреди на тренинг во летните подготовки и мораше на операција на лигаментите од коленото во Скопје. Кога се врати и се јави на првата зимска прозивка во јануари, сите мислеа дека периодот на рехабилитација заврши. Но на припремите во Охрид, Главевски го повреди листот од ногата и мораше 45 дена да мирува. Во претходните денови тренираше инвидуално, а денес го одработи првиот тренинг со екипата. Добро се чувствува и потребен му е ритам на натпревари за рамноправно да конкурира за место во тимот. Оваа недела на мечевите со Напредок и Гостивар тешко дека ќе биде во конкуренција за место во нападот, а негова цел е од мечот со Ренова во последните 7 натпревари да добие шанса да ја врати самодовербата по повредата. Сигурно е само дека „голготата„ од 10 месеци без официјален меч за Главевски заврши.

Нема коментара:
Постави коментар