Powered By Blogger

31. 3. 2014.

Славија им се врати на победите

ВО ГРАДСКОТО ДЕРБИ ЗА СОФИЈА, СЛАВИЈА НА КИРЕ РИСТЕВСКИ ПОДОБРА ОД ЛОКОМОТИВ
Во последниот натпревар од 30 коло на бугарското  фудбалско првенство, софиските ривали Славија и Локомотив одиграа одличен меч во кој Славија на Кире Ристевски славеше со 2:0 со головите на Марчев во 18 и бразилецот Силва во 51 минута.
По поразот во Стара Загора, бело-црните им се вратија на победите. Ристевски добро ги одигра сите 90 минути и е еден од ретките со максимални 630 одиграни минути оваа пролет. Со оваа победа Славија е на деветтото место со 38 бода, седум повеќе од екипите кои се на места кои водат во Втората лига. Во наредното 31 коло, Славија му гостува на Черноморец во Бургас наредната сабота од 17 часот. 

Нема коментара:

Постави коментар