Powered By Blogger

25. 3. 2014.

В понеделник „меморијален футсал турнир - Петар Вељановски„

ПРЕКРАСНА ИДЕА НА БИТОЛСКИТЕ ФУДБАЛСКИ СУДИИ
В понеделник на 31 март, на две година од смртта на битолскиот фудбалски судија Петар Вељановски, на иницијатива на фудбалските судии од Битола при ОФС Битола, ќе се одржи меморијален турнир во мал фудбал во негова чест.
Имено оваа идеа кај пријателите на Петар се роди пред неколку недели и испратија покани до фудбалските судии од Прилеп и Охрид. Откако ќе го одсудат редовното коло во Првата и Втората фудбалска лига, судиите в понеделник во спортската сала „Павел Шатев„ ќе го одиграат турнирот во чест на Петар Вељановски. Покрај трите екипи на делители на правдата од Битола, Охрид и Прилеп, четвртата екипа ќе биде составена од пријателите на Петар, меѓу нив и неколку професионални фудбалери. Вељановски загина на 29 годишна возраст и до смрта беше еден од најперспективните судии во нашата земја.

Нема коментара:

Постави коментар