Powered By Blogger

25. 3. 2014.

Кико Илиовски трет на источно-европскиот шампионат во Грција

ГОЛЕМ УСПЕХ НА ВРАЌАЊЕТО НА БИТОЛЧАНЕЦОТ НА МОТО-КРОС ПАТЕКИТЕ
На првата трка од Источно европскиот шампионат во мотокрос, нашиот натпреварувач Христијан Илиоски го освои третото место. Минатиот викенд патеката Серес во Грција беше домаќин на првата трка од Источно европскиот шампионат, на која настапија 75 возачи поделени во 5 класи: MX1, MX2, MX, MX65 и MX85.
Нашиот најдобар натпреварувач, битолчанецот Илиоски на најдобар можен начин се врати на меѓународната сцена. Мина тешки моменти по повредата и ненастапувањето, но сето тоа го остави зад себе. Кико во квалификациите во саботата забележа најдобро време, кое беше за 0,7 секунди подобро од она на второпласираниот Тодор Тотев од Бугарија. Илиоски во втората трка возеше на третата позиција, притоа успевајќи да му се доближи на само една секунда на второпласираниот Тотев, но недоволните подготовки си го направија своето и Илиоски остана на третата позиција. Тој настапи на оваа трка без подготовки, како што тоа го имаат другите возачи, со кои тој се бори за челните позиции.

Нема коментара:

Постави коментар