РОДНАТА БИТОЛА И ПРЕД МЕЧОТ СО МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОСТИ СО СВОЈОТ ПЕТАР
Родната Битола последното
испраќање од Петар Милошевски го имаше на стадионот под Тумбе кафе, пред
почетокот на средбата Пелистер - Македонија Ѓ.П. 1.500 гледачи и во работен ден
го исполниот битолскиот стадион и му оддадоа последно сочувство на некогашниот
голман на Пелистер, репрезентативен капитен и директор на сите репрезентации на
Македонија.
Фудбалерите на двете екипи носеа маички со ликот на Петар,
навивачите направија десетици транспаренти со неговиот лик и неговото име, а го
скандираа неговото име пред почетокот на средбата. Емотивни моменти му
претходеа на мечот кој го затвора 22 коло од фудбалскиот шампионат на
Македонија.
Нема коментара:
Постави коментар