ПРОТИВ СИЛНИОТ СКОПСКИ МЛАДИНЕЦ, КОШАРКАРКИТЕ НА ПЕЛИСТЕР НЕ МОЖЕА ПОВЕЌЕ ОД ЧЕСЕН ПОРАЗ
ЖКК Пелистер - ЖКК
Младинец 46:63
Најмладата екипа во Супер-лигата
битолски Пелистер само една недела по подвигот во Кавадарци, немаше сили за
уште едно изненадување против скопски Младинец, екипа која е многу повозрасна и
подобро котира на првенствената табела.
Битолчанки добро го отворија мечот и парираа во првите 10 минути (16:17). Но во продолжението квалитетот на Цветковска и Пановска, најнапред донесе прва двоцифрена предност (22:33), а потоа и дефинитивно одлепување 29:44. Младинец стигна до петта победа во десеттиот натпревар, овој пат во меч со мал број на кошеви (46:63). По овој пораз ЖКК Пелистер остана на шестото место со 10 бода и во наредното 13 коло му гостува на четврто пласираната Струга 2009 в сабота на 22 март.

Нема коментара:
Постави коментар