Powered By Blogger

20. 3. 2014.

Вардар - Пелистер како и лани пак сред недела

КАЛЕНДАРОТ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ 11 КОЛО СО СМЕСТИ „ВЕЧНОТО ДЕРБИ„ ВО ЕДНО ОД ДВЕТЕ ВОНРЕДНИ КОЛА
Според календарот за последната третина од фудбалскиот шампионат и сатницата која ја одреди ФФМ, третото и последно овосезонско „вечно дерби„ помеѓу Вардар и Пелистер пак ќе се игра во среда.
На 23 април во 16 часот, црвено-црните ќе бидат домаќини и голема е веројатноста дека овој меч на четири кола до крајот на шампионатот ќе биде одлучувачки за висок пласман, а можеби и за титулата. Постои реална можност натпреварот да биде поместен за неколку часа и да се игра во вечерен термин. Минатата сезона три средби меѓу Пелистер и Вардар се играа во среда. Најнапред по одлагање од страна на МВР, во Битола беше 0:0, а потоа во четвртфиналето на Купот на Македонија, Вардар славеше со 1:0 во Битола и 2:0 во Скопје. 

Нема коментара:

Постави коментар